Услови за учество на електронското јавно наддавање за продажба и давање во закуп на недвижни и движни ствари

 

Регистрација

Регистрацијата се врши од страна на администраторите, после вашето испраќање на потполната документација потребна за процесот на аукцијата, по што добивате известување на вашата е-маил адреса дека сте регистрирани и потребно е да го активирате вашиот акаунт и да изберете лозинка па потоа можете да наддавате за избраната недвижна или движна ствар.

 

Депозит

За да учествувате на аукцијата за која сте се пријавиле потребно е да го уплатите депозитот, кој изнесува 5% од вкупната почетна цена.

Рок за уплата на најповолната понуда

Најповолниот понудувач, во рок од 15 дена од денот на завршувањето на постапката за јавно наддавање, е должен да ги уплати средствата, а доколку не ги уплати во овој рок, не му се враќа депозитот, нема да се пристапи кон склучување на договор и се спроведува нова постапка.

 

Рок за враќање на уплатениот депозит

Депозитот за учество на јавното наддавање се враќа на подносителот на пријавата за учество на јавното наддавање во целост, во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а депозитот на најповолниот понудувач му се враќа намален за процент од 10% одреден за трошоците на постапката, во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.

 

Обврска за исплата на данокот на промет

Купувачот има обврска да го плати данокот на промет.

 

Обврска за трошоци за солемнизација на договорот

По склучувањето на договорот купувачот/закупецот во рок од 30 дена истиот го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација.

 

Право на приговор

Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение во рок од пет дена од приемот на приговорот.